Увоз и извоз

 


Во областа на увозот и извозот фирмата Марк-Ман произведува, купува и продава земјоделски производи, претежно јаболка и е еден од најголемите извозници од преспанскиот регион. Освен нашето производство на јаболка имаме голем број кооперанти кои не снабдуваат со првокласни преспански јаболка наменети за извоз.

Преспанско јаболко е општо познато во светот како производ со извонредно добар квалитет, што потврдуваат многуте анализи и контроли. Квалитетот на јаболкото кое го извезуваме е потврден исто така преку лојалноста на нашите коминтенти и деловни партнери.

Во моментот имаме одлична соработка со неколку познати фирми и откупни центри во неколку земји и тоа Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Русија, Украина, Чешка, Полска и др. Нудиме соработка и секогаш сме на располагање на сите оние кои имаат потреба од тоа. Ако Вие сте заинтересирани за соработка кликнете тука за контакт информации.


 
 

Во нашите дејности поврзани со извозот на јаболката спаѓаат:

•  Сортирање (во периодот од Септември до Мај нудиме јаболка од сортите ајдарет, златен делишес, муцо, јонаголд, глостер и др.)

•  Пакување (во различен тип на амбалажи според барањата на коминтетот и купувачот и според прописите и нормите на Европска Унија).
Јаболката ги пакуваме на пример во картонски бели амбалажи, дворедни и троредни, картонски амбалажи од 13 кг а исто така во дрвени амбалажи, се според потреби на клиентот.

•  Транспортирање (нудиме сигурен и безбеден транспорт до различни места на растовар, кој се одвива според регулативите и правилата на Европска Унија) .

Copyright © 2008 Mark - Man. All Rights Reserved
Designed by Џордано